Достапни линкови

Две лица каменувани до смрт во Пакистан


Шест лица се уапсени во југозападниот дел на Пакистан под сомнение за убиство откако еден маж и една жена беа каменувани до смрт за наводно неверство. Двајцата биле во брак со други партнери.

Локалните власти соопштија дека биле каменувани од страна на толпата во неделата во зафрлено село во провинцијата Балочистан.

Таткото на жената, братот, и чичкото биле уапсени, заедно со свештеникот за кој се верува дека издал наредба за каменување.

Стотици луѓе се каменуваат до смрт секоја година во Пакистан во име на одбраната на честа на семејството.
XS
SM
MD
LG