Достапни линкови

Судири во Бангкок - 3 загинати и 60 повредени


Најмалку 3 загинаа, а над 60 лица се ранети при операцијата на полицијата во Бангкок за протерување на анти-владините демонстранти од улиците во главниот град на Тајланд.
Според полициски извори, околу 100 демонстранти биле уапсени во раните утрински часови од протестот во близина на Министерството за енергетика. Телевизиските снимки покажуваат облаци од солзавец и судир на полицијата со демонстрантите во близина на Владата.

Демонстрантите се собираат од ноември со намера да го соборат премиерката Шинаватра, кого тие ја гледаат како замена за нејзиниот постар брат, Таксин Шинаватра, поранешен премиер кој беше соборен со воен удар во 2006 година.
XS
SM
MD
LG