Достапни линкови

Вицепремиерот Бесими во Брисел


Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска во Брисел ќе има обраќање во Центарот за Европски политики, на тема „Европската иднина на Македонија – перспективите и предизвиците“. Бесими, како што соопшти Секретаријатот заевропски прашања, ќе се осврне на остварените реформи и предизвиците со кои се соочува Република Македонија на патот кон Европска унија. Во текот на посетата Бесими ќе се сретне и со директорката на Директоратот за проширување на Европската комисија Александра Кас Грање, како и со известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит.
XS
SM
MD
LG