Достапни линкови

logo-print

Нова рунда разговори за иранската нуклеарна програма


Разговорите меѓу Иран и шестте светски сили за ограничување на нуклеарната програма на Техеран треба да почнат денеска во Виена. Тие се првиот круг на високо ниво на преговорите, по привремениот договор постигнат на 24 ноември според кој Техеран се воздржа од некои од неговите нуклеарни активности во замена за ограничување на меѓународните санкции. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, сепак, рече дека тој не е оптимист дека разговорите за нуклеарната програма ќе произведат остварлив договор, предвидувајќи дека процесот "не води никаде." Високите официјални претставници од Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Русија и САД учествуваат во дискусиите со иранската делегација предводена од министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф и неговиот заменик Абас Арачи. Шефот за надворешна политика на Европската унија, Кетрин Ештон ќе ги надгледува преговорите.
XS
SM
MD
LG