Достапни линкови

Украинските опозиционери се сретнаа со Меркел


Украинските опозициски лидери се сретнаа со германската канцеларка Ангела Меркел со која разговарале за политичката криза во Украина. По средбата во Берлин Виталиј Кличко изјави дека побарал од германската канцеларка да воведе санкции против украинскиот претседател Виктор Јанукович и неговите внатрешни соработници и посебно следење на банкарски трансакции кои потекнуваат од Украина. Арсениј Јатсенук пак изјави дека за време на средбата зборувал за потребата за Украина да има инклузивна влада и дека тогаш кога таа ќе биде основана ќе ја има поддршката од европските и западните партнери. Тој додаде дека ЕУ е подготвена да ја прошири финансиската поддршка на новата украинска влада преку институциите на Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија. Засега нема информации за какви било коментари од Меркел по состанокот.
XS
SM
MD
LG