Достапни линкови

Карзаи побара измени на новиот кривичен закон


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи нареди измени во предложениот кривичен закон кој е критикуван како главна пречка за правата на жените.
Во авганистанскиот парламентот веќе помина новиот закон за "кривично процесно право", со кој им се забранува на обвинителите да испрашуваат кој било роднина на наводниот сторител на кривично дело. Групите за човекови права и западните претставници го критикуваа законот, соопштувајќи дека тој нема да ги заштити жените од семејно насилство и принудните бракови. Портпаролот на претседателот Ајмал Фајзи вреча изјави дека нацрт кривичниот закон нема да стапи во сила, се додека министерството за правда не направи одредени измени. Тој изјави дека законот "нема да исклучи роднина или некој член од семејството да сведочи против друг член на семејството."
XS
SM
MD
LG