Достапни линкови

Осум мртви по колапс на покрив во Јужна Кореја


Најмалку осум студенти починале, 73 биле повредени од кои 15 сериозно, откако се урнал покривот на една зграда во јужниот дел на Јужна Кореја во градот Гионгу. Спасувачките екипи се обидуваат да ослободат околу 50 студенти заробени во урнатините на комплексот, во кој биле сместени студентите од прва година. Според извештаите на локалните медиуми колапсот на покривот бил предизвикан од обилните снежни врнежи. Многу студенти успеале да се извлечат, а други биле спасени од службите за итна помош.
XS
SM
MD
LG