Достапни линкови

Приведени за експлозијата, труењето се истражува


Доктор Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Доктор Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Две лица се приведени и задржани поради активирањето на непознатата експлозивна направа во дивата ромска населба во Тетово. Труењето на гостиварските ученици се истражува.

Од тетовската полиција изјавија дека се приведени и задржани две лица кои се сомничат дека биле инволвирани непосредно или посредно во активирањето на непознатата експлозивна направа, по случајот во дивата ромска населба во Тетово кога беше активирана експлозивна направа. Како што информираат од полицијата приведено е и 15-годишно момче кое се спомнувало како може учесник во активирањето на експлозијата.
Девојчето е оперирано, раните се згрижени и таа е во стабилна здравствена состојба.

Според полицијата, при претрес на куќата на 46-годишниот Н.К. кој е посочен од тројца малолетници како можен сторител, била пронајдена граната за рачен фрлач. Тој е приведен и задржан во полиција, а подоцна е приведен и неговиот 28-годишен син.
Се работи за сензитивен случај и мораме многу внимателно, да бидеме сигурни дека тоа што ќе го констатираме е точно. Се надевам дека во текот на утрешниот ден би имале првични резултати.

Во експлозијата на засега непознатата експлозивна направа повредени беа пет деца на возраст од 10 до 14 години кои играле на улицата, при што две девојчиња на возраст од 12 и 14 години по укажаната помош во тетовската клиничка болница со сериозни повреди по телото и нозете, но во стабилна состојба надвор од животна опасност биле препратени на клиниките во Скопје.

„Вчера попладне е примено едно 15-годишно девојче од Тетово со експлозивни рани на стопало и една рана под пазува која крвареше. Од васкуларен и од детски хирург девојчето е оперирано, раните се згрижени и таа е во стабилна здравствена состојба“, изјави д-р. Реџеп Селмани, директор на Клиниката за трауматологија.

Во меѓувреме, истрагата чека наоди за да соопшти причината околу труењето на околу 60 гостиварци од кои 40 ученици од средното економско училиште во Гостивар. Од Клиниката за токсикологија изјавија дека уште не се комплетирани резултатите и посочуваат дека се работи за сензитивен случај. Директорот Андон Чибишев вели дека во текот на утрешниот ден може да се очекуваат првични резултати.

„Уште се доработуваат, и во судска медицина и во МВР и тие интензивно работат на материјалите кои им ги доставивме. Се работи за сензитивен случај и мораме многу внимателно, да бидеме сигурни дека тоа што ќе го констатираме е точно. Се надевам дека во текот на утрешниот ден би имале првични резултати“, вели Чибишев.

Од Kлиниката за токсикологија сите 14 пациенти на свое барање се пуштени на домашно лекување со стабилна здравствена слика.

Освен судска медицина, на случајот работеа и екипи на МВР кои земале мостри и ги прегледале снимките од безбедносните камери во економското училиште во Гостивар. Додека се чекаат официјални наоди во Гостивар и натаму има шпекулации за тоа што стои зад петочното труење. Едната е дека се работи за обид за губење часови со тоа што некое од децата фрлило солзавец во училиштето.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG