Достапни линкови

logo-print

Бизнис интереси за директорското место во РЕК?!


СДСМ обвинува дека фирма на сопругата на екс координаторот на ВМРО-ДПМНЕ од Битола добила тендер од ЈП „Водовод“ Битола, каде директор е актуелниот локален координатор на партијата.

Приватната фирма на сопругата на екс координаторот на ВМРО-ДПМНЕ од Битола имала договори за снабдување со правосмукалки и бела техника на јавното претпријатие „Водовод“, каде директор е актуелниот координатор на партијата за Битола. Вакви обвинувања изнесе Васко Ковачевски, локален лидер на СДСМ, при тоа јавно прашувајќи дали ваквите бизнис интереси на екс координаторот Јовко Крстевски му ја обезбедија поддршката на локалното раководство на партијата за да стане директор на РЕК на 64-годишна возраст.
Освен политиката нив ги врзуваат и бизнис интереси. При јавните набавки во „Водовод“ учествува и фирмата „Ви-ен-кај“ од Битола, чиј сопственик е сопругата на Јовко Крстевски.

„По нашата реакција за назначувањето на Јовко Крстевски за генерален директор не се огласи лично тој, туку актуелниот координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Зоран Илиоски, кој патем е и директор во ЈКП „Водовод“ од партиската говорница од петни жили го бранеше и величеше Јовко Крстевски. Освен политиката нив ги врзуваат и бизнис интереси. При јавните набавки во „Водовод“ учествува и фирмата „Ви-ен-кај“ од Битола, чиј сопственик е сопругата на Јовко Васко Ковачевски.

Васко Ковачевски.

Крстевски“, изјави Ковачевски.

Според документи кои ги објави на прес конференција договорите изнесувале над 700 илјади денари.

„Нејзината фирма само во 2011 година со „Водовод“ склучила два договори со вкупен износ од 708.000 денари. Еден договор на
Се работи за исклучиво деловни договори меѓу правни субјекти , склучени во рамките на законските прописи и ставањето во партиски контекст од страна на СДСМ е груба инсинуација.
1.07.2011 година за набавка на правосмукалки во висина од 354 000 денари и вториот договор два месеци подоцна на 15.09.2011 за набавка на бела техника во износ од 354 000 денари. Дали е ова причина што Зоран Илиоски му помогна на Јовко Крстевски да стане директор на РЕК „Битола“, праша Ковачевски.

По ваквите обвинувања, следуваше писмена реакција на јавното претпријатие „Водовод“ дека изнесените тврдења од страна на СДСМ се грубо извртување на фактите и обид за манипулација со јавноста за дневно политички цели. Од таму не негираат дека имале договори со споменатата фирма, но не во посочените износи.

„Се работи за исклучиво деловни договори меѓу правни субјекти , склучени во рамките на законските прописи и ставањето во партиски контекст од страна на СДСМ е груба инсинуација и злоупотреба на приватноста. Деловните субјекти меѓу себе склучуваат т.н. рамковни договори во кои се определува можниот износ на промет со гранична максимална сума која не смее да биде надмината. Оние кои имаат малку познавање од економијата знаат дека тоа не значи дека субјектите ќе го реализираат договорениот промет во тековната година“, велат од ЈП „Водовод“.

Од таму додаваат дека во случајот со фирмата „Ви-Ен-Кај" износот на промет со ЈП„Водовод" лани бил 7000 денари, а годината пред тоа 80.000 денари. Споменатата сума од 350.000 е само договорена рамка на годишен промет која не е ни приближно остварена.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG