Достапни линкови

logo-print

ОН: Режимот на Северна Кореа врши злосторства против човештвото


Мајкл Кирби

Мајкл Кирби

Експертска комисија на Обединетите нации го обвини режимот на Северна Кореа за злосторства против човештвото, вклучувајќи истребување, сексуално насилство, глад и ропство. Во извештајот објавен денеска кој е резултат од едногодишно истражување, Комисијата заклучува дека раководството на Северна Кореа заслужува да се најде пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Претседателот на Комисијата Мајкл Кирби изјави дека злосторствата биле вршени под контрола на лидерот Ким Џонг Ун. Официјален Пјонгјанг категорично ги отфрли обвинувањата содржани во овој извештај.
XS
SM
MD
LG