Достапни линкови

Лавров: Русија не му помага на Асад


Сергеј Лавров

Сергеј Лавров

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги отфрли обвинувањата на американскиот државен секретар Џон Кери дека Русија, поддржувајќи го режимот во Дамаск го спречува решавањето на конфликтот во Сирија. „Го исполниве сето она што го ветивме“, изјави Лавров, додавајќи дека Москва секојдневно работи со сириските власти. Според Лавров, режимот во Дамаск не бил тој кој создава најмногу проблеми, туку тоа биле терористите чиј број постајно растел во Сирија. Во текот на викендот во Женева без успех заврши втората рунда преговори меѓу сириската влада и сириската опозиција.
XS
SM
MD
LG