Достапни линкови

logo-print

Ренци, мандатар на нова влада на Италија


Матео Ренци, Енрико Лета

Матео Ренци, Енрико Лета

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано побара од лидерот на Демократската партија Матео Ренци да формира нова влада. Ренци кој е градоначалник на Фиренца изјави дека разговорите за создавање коалиција ќе ги почне утре и оти за неколку дена би можело да се очекува да формира влада. Во минатата недела тој иницираше своевиден револт во неговата партија на левиот центар за отстранување на Енрико Лета од местото премиер, обвинувајќи го за неуспех да ја заживее италијанската економија. 39 годишниот Ренци би можело да стане најмладиот премиер во италијанската историја.
XS
SM
MD
LG