Достапни линкови

Тачи: Повторно ќе бидам премиер


Косовскиот премиер Хашим Тачи во интервју за Радио телевизија Косово изјави дека е уверен дека ќе биде премиер по трет пат. Тој оцени дека иницијативата на Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај за отповикување на владата влијаела да се оди на предвремени избори. Премиерот на Косово не го соопшти датумот на изборите, туку напомена дека тој ќе се одреди на заеднички состанок на сите политички партии. Косовскиот премиер истакна дека нема непријатели во политиката и ја остави можноста за коалиција со сите.
XS
SM
MD
LG