Достапни линкови

Потрага по осомничениот за активираната експлозивна направа во Тетово


Полиција трага по лицето Н.К. посочен од тројца малолетници како можен сторител на вчерашниот случај во дивата ромска населба кај реката Пена во Тетово кога беше активираната експлозивна направа. Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Н.К. е во бегство. Во експлозијата на засега непознатата експлозивна направа повредени беа пет деца на возраст од 10 до 14 години кои играле на улицата, при што две девојчиња на возраст од 12 и 14 години по укажаната помош во тетовската клиничка болница со сериозни повреди по телото и нозете но во стабилна состојба надвор од животна опасност биле препратени на клиниките во Скопје. Од другите три повредени едно е задржано на лекување во тетовската болница, а две се пуштени дома.
XS
SM
MD
LG