Достапни линкови

Меркел на средба со украинските опозициски лидери


Киев

Киев

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска, како што е најавено во Киев, би требало да се сретне со двајца лидери на украинската опозиција Арсениј Јацењук и Виталиј Кличко. Јацењук изјави дека во Берлин ќе бараат финансиска поддршка од Европската унија. „Сакаме Европа јасно да каже каков пакет економски мерки може да ни понуди“, изјави тој. Антивладините протести во Украина траат скоро три месеци, а на нив се бара заминување од власт на претседателот Виктор Јанукович. Денеска во Украина стапува во сила и законот за амнестија на оние што биле уапсени за време на протестите.
XS
SM
MD
LG