Достапни линкови

Самарас: Грција излегува од „магичниот круг“


 Андонис Самарас

Андонис Самарас

Грција излегува од „магичниот круг“, а буџетскиот суфицит на земјата за 2013 година ќе биде поголем од 1,5 милијарди евра, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас во интервју за весникот „Вима“. Според него, средствата од буџетскиот суфицит ќе бидат вратени на пензионерите со ниски примања и униформираните службеници. Грчкиот премиер нагласи дека освен невработеноста, најголем приоритет на неговата влада е намалување на даноците. До овие негови оценки доаѓа пред денешниот состанок на министрите за финансии на еврозоната на кој ќе стане збор за текот на исполнувањето на грчката стабилизациска програма. Потоа тројката меѓународни кредитори се враќа во Атина за да се прецизира исплатата на наредните транши од спасувачкиот пакет за Грција.
XS
SM
MD
LG