Достапни линкови

Копилот киднапирал етиописки авион


Авион на „Етиопијан Ерлајнс“ од типот Боинг 767 денеска принудно слетал во Женева откако бил грабнат на релацијата меѓу Адис Абеба и Рим. Швајцарските власти соопштија дека киднаперот всушност бил копилот во авионот и бил уапсен веднаш по слетувањето. Полицијата прецизира дека невооружениот киднапер чекал пилотот да оди во тоалет по што се заклучил во кабината. Агенцијата Ројтерс наведува дека најверојатно киднаперот влегол во авионот на аеродромот во главниот град на Судан Картум. Киднаперот побарал азил во Швајцарија.
XS
SM
MD
LG