Достапни линкови

БАФТА: најдобар филм „12 години ропство“


„12 години ропство“ ја доби наградата за најдобар филм од Британската академија за филмска и телевизиска уметност БАФТА. За најдобар актер е прогласен Чиветел Еџиофор кој глуми во овој филм. На синоќешната церемонија во Лондон Еџиофор му се заблагодари на режисерот Стив Мекквин за филмување на приказната за еден слободен црнец кој бил киднапиран за да биде роб на американскиот Југ во 19 век. За најдобра актерка наградата ја доби Кејт Бланшет во филмот „Блу Џасмин“. Таа нејзината награда му ја посвети на актерот Филип Сејмур Хофман кој почина во минатиот месец. Алфонсо Куарон ја доби наградата за најдобар режисер за филмот „Гравитација“.
XS
SM
MD
LG