Достапни линкови

Швајцарија не сака хрватски работници


Владата на Швајцарија одбива да ја потпише спогодбата за слободен пристап на хрватски државјани на швајцарскиот пазар на трудот, иако за тоа претходно веќе беше постигнат договор. Владата во Загреб е известена дека усогласената спогодба не може да се потпише во оној облик што претходно беше договорен,по референдумот во Швајцарија од 9 февруари,со кој и се наложува на швајцарската влада да определи квота за прием на имигранти од земјите на ЕУ. Во пораката Швајцарија најавува дека ќе трага по ново решение,во духот на референдумот, настојувајќи Хрватска да не се почувствува како дискриминирана земја. Брисел остро реагираше на одбивањето на Швајцарија и порача дека земјата би можела да се соочи со европски контра мерки.
XS
SM
MD
LG