Достапни линкови

Пакистан-една жртва на напад на кампања за вакцинација


Илустрација

Илустрација

Во експлозија на бомба во Пакистан загинал полицаец кој ја обезбедувал кампањата за вакцинација со која се спречува детска парализа. Властите соопштија дека уште еден полицаец бил повреден во нападот, кој се случил на периферијата на покраината Пешавар. Се претпоставува дека одговорни за нападот се исламските милитант
и. Според нив, кампањата се користи до страна на западните нации за да се врши шпионажа и со цел да се направат муслиманските деца стерилни. Според Светската здравствена организација, Пешавар во моментов е еден од најголемите светски резервоари на детска парализа.
XS
SM
MD
LG