Достапни линкови

logo-print

Ердоган најави законски мерки против „паралелната држава“


Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган изјави дека неговата Влада ќе спроведе законски мерки против „паралелната држава“ или „државата во држава“. Според него, лицата одговорни за тоа ќе сносат одговорност. Тој порача дека некои полициски службеници, обвинители и судии во државата добиваат наредби од други места. Ердоган смета дека во наредбите им се кажува да ги искористат сите мерки против Владата и да не се плашат, бидејќи одредени земји стојат зад нив. Ердоган истрагата за корупција, која почна на 17 декември, ја смета за заговор против него, предводен од Фетхулах Гулен, чија мрежа следбеници има влијание во полицијата и судскиот систем. Заедницата на Гулен се дефинира како „паралелна држава“ од приврзаниците на турскиот премиер.
XS
SM
MD
LG