Достапни линкови

Морси се појави пред судот во Египет


Мохамед Морси на судењето во Египет

Мохамед Морси на судењето во Египет

Соборението египетски претседател Моухамед Морси денеска е појави пред суд. Тој е обвинет за шпионажа и заговор со цел извршување на терористички напади. Морси бил поставен во стаклен кафез, по што неговиот адвокат се пожали дека нема да може да слуша што неговиот клиент зборува.
Обвинителството соопшти дека Морси заедно со уште 35 осомничени соработувал со палестинската милитантна група Хамас и либанската Хезболах. Потив Морси се води уште еден судски процес за негова наводна вмешаност во убиството на опозициски демонстранти во декември 2012 година.
XS
SM
MD
LG