Достапни линкови

logo-print

Британија и Франција го обвинија Асад за неуспехот


Меѓународниот медијатор Лахдар Брахими

Меѓународниот медијатор Лахдар Брахими

Британија и Франција ја обвинија сириската влада за неуспехот на мировните преговори во Женева. Францускиот министер за надворешни работи Лорент Фабиус изјави дека сирискиот претседател Башар ал Асад го болкирал постигнувањето на било каков напредок во разговорите. Британскиот секретар за наворешни работи Вилијам Хаг изјави дека одговорноста за неуспехот лежи кај режимот на Асад.
Се уште нема официјална реакција од организаторите на мировните преговори САД и Русија. Меѓународниот медијатор Лахдар Брахими му се извини на сирискиот народ по неуспехот на втората рунда преговори која заврши вчера во Женева.
XS
SM
MD
LG