Достапни линкови

Од денеска увид во избирачкиот список


Еден милион 787 илјади и 350 граѓани се запишани во Избирачкиот список, a од нив 68 илјади и 704 лица се водат како иселени. Јавниот увид во Избирачкиот список за априлскиот избор на шеф на државата започнува денеска и ќе трае дваесет дена. ДИК најдоцна 15 дена од денот на распишувањето на изборите, го става Избирачкиот список на јавен увид во своите подрачни единици и месни канцеларии.
До 7 март државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат по електронска пошта да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците од посебните изводи од Избирачкиот список.
XS
SM
MD
LG