Достапни линкови

Неделен печат - Избори и „балкански котел“


Фокус и Република се осврнуваат на претстојните избори, а Глобус потсетува на неодамна објавените американски разузнавачки прогнози дека Босна и Македонија остануваат потенцијално експлозивни делови на Балканот.

Фокус - На кој до што му е
Власта му пакува уште едно убиство на Љубе Бошкоски старо 12 години.
Фокус.

На кој до што му е, пишува Фокус во анализата на политичките состојби во земјава која има наслов: „Груевски и Ахмети се пазарат за избори, Црвенковски и Заев ја менаџираат партиската криза!“, па наведува: „Ако ВМРО-ДПМНЕ сака да распише предвремени парламентарни со претседателските избори, најлесен начин е тоа да го стори со ДУИ. Воедно, тоа е и најскапата варијанта, бидејќи барањата на „интегративците“ водат кон врвот на Парламентот и полицијата, па прашање е колку вмровците би ја платиле оваа цена. Исчекувајќи го епилогот од драмата дали ќе има двојни или само поединечни избори, чија разврска може да биде неизвесна, опозицискиот СДСМ се соочува со внатрешни превирања кои го наметнуваат прашањето колку е реална поделбата на „бранковисти“ и „заевисти“?“ - анализира покрај другото Фокус.
Од западните политички центри дискретно стигнуваат пораки земјава да не се луксузира со нови парламентарни избори, ама режимот никако не се осврнува на лошиот хороскоп.
Глобус.

Инаку, на насловната страница неделникот објавува интригирачка информација дека власта му пакува уште едно убиство на Љубе Бошкоски старо 12 години, односно ќе му било ставено на товар дека ја нарачал ликвидацијата на Орце Коруновски! Нема да зачуди доколку оваа пречесна власт открие дека Бошкоски има вмешано прсти и во убиството на Кенеди, пишува со иронија Фокус.

Република - Старо-новото алиби за пораз се вика Пустец

Три текста, од кои едниот е уводник, објавува Република, кои се посветени на тоа како работела и како се однесувала опозициската СДСМ во периодов пред изборите. Ако до пред некое време на СДСМ му се „лепеше“ страв од избори поради ова или она, сега неделникот пушта теза дека оваа партија го омаловажува македонското малцинство во Албанија, па насловува дека „Старо-новото алиби за пораз се вика Пустец“. Единствената македонска локално-етничка оаза на Балканот може да исчезне како Општина, пишува неделникот за Пустец, додавајќи дека станал цел на невидени напади од страна на СДСМ поради учеството на неговите жители на предвремените локални избори и, како што пишува, „добро и докажано алиби за следните избори, какви и да се“.

Во другиот текст за опозициската партија во која, како што пишува, се претставуваат како борци за слобода на медиумите, Република ја прозива партијата затоа што Центарот за комуникации на СДСМ решавал кој, каде и дали е потребно да се даде интервју од некој нејзин член, па во насловот заклучува дека „СДСМ може и без медиуми“.

Глобус - Хороскопот за Балканот се исполнува, а по Босна, на ред е Македонија?

„Хороскопот за Балканот се исполнува, а по Босна, на ред е Македонија?“ - насловува со прашалник Глобус, кој, покрај другото, потсетува дека неодамна објавените американски разузнавачки прогнози беа дека Босна и Македонија остануваат потенцијално експлозивни делови на Балканот. Од западните политички центри дискретно стигнуваат пораки земјава да не се луксузира со нови парламентарни избори, ама режимот никако не се осврнува на лошиот хороскоп. Тој, пак, некако започнува да се открива, тврди он-лајн магазинот Глобус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG