Достапни линкови

Десет жртви во собраќајка во Русија


Руската полиција соопшти дека 10 лица загинале, а три биле повредени кога камион се судрил со комбе во реонот Виборг. Според прелиминарната истрага на полицијата, девет од жртвите загинале на лице место. Возачот на камионот и други две лица во комбето биле повредени. Се уште не се знае причината за несреќата.
XS
SM
MD
LG