Достапни линкови

Србија го одбележува „Денот на државноста“


Србија денеска го одбележува Денот на државноста, во спомен на подигањето на Првото српско востание и донесувањето на Сретенскиот устав. Американскиот државен секретар Џон Кери по тој повод им посака најдобри желби на жителите на Србија во името на претседателот Барак Обама и САД. Според соопштението, Кери и честита на Србија на отпочнувањето на преговори со ЕУ. Кери исто така порачал дека САД ги поддржуваат напорите на Србија за целосна евроатланска интеграција на земјата.
XS
SM
MD
LG