Достапни линкови

logo-print

Петта жртва од грип во Македонија


На Клиниката за инфективни болести денеска почина 60-годишна пациентка од Охрид од грип. Таа е петта жртва на оваа болест досега. Министерството за здравство соопшти дека пациентката пред 10 дена била хоспитализирана на Инфективната клиника со тешка клиничка слика и со претходно хронично оштетување на белите дробови, со масивна бронхопневмонија, апцеси во слезинката и црниот дроб.
На Клиниката за инфективни болести во моментот се хоспитализирани 113 пациенти. Од нив, шест лица се на интензивна нега, а тројца се приклучени на механичка вентилација.
XS
SM
MD
LG