Достапни линкови

Завршија преговорите меѓу сириската влада и опозиција


Меѓународниот медијатор за Сирија, Лахдар Брахими

Меѓународниот медијатор за Сирија, Лахдар Брахими

Меѓународниот медијатор за Сирија, Лахдар Брахими изјави дека директните преговори меѓу сириската влада и опозиција завршиле без да се донесе решение за ќор-сокакот во мировниот процес. Денешната рунда преговори била прекината по помалку од половина час.
Брахими порача дека предложил уште една рунда на преговори кои ќе се фокусираат на ставање крај на насилството и потоа да се донесе одлука како да се создаде транзиционо владино тело. Но, тој истакна и дека Владата на претседателот Башар ал Асад го одбила предлогот. Брахими најави дека сега ќе бара консултации со САД и Русија и ОН.
XS
SM
MD
LG