Достапни линкови

Турција-Закон за поголема контрола во назначувањето судии и обвинители


Турскиот парламент

Турскиот парламент

Турскиот парламент го усвои законот со кој на владата и се овозможува поголема контрола во назначувањето на судии и обвинители. Парламентот вчера ја продолжи расправата и покрај критиките од опозицијата и меѓународната заедница кога законот беше поставен на дневен ред минатиот месец. При расправата во Парламентот дошло и до тепачка меѓу припадниците на владејачката партија и опозицијата.
Владејачката Партија на правдата и развојот има за цел со новиот закон да го промени функционирањето на Високиот совет на судии и обвинители, при што Министерот за правда ќе има последен збор во процесот за назначување на судии.
XS
SM
MD
LG