Достапни линкови

Обама ќе бара поголема финансиска помош за Јордан


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека ќе побара од Конгресот да одобри нова финансиска помош за Јордан. Обама ја соопшти одлуката по средбата во Калифорнија со јорданскиот крал Абдула Втори. Тој порача дека ќе побара дополнителни милијарда долари помош за Јордан и петгодишен финансиски договор, но без да прецизира колку ќе чини.
Моменталниот договор на САД со Јордан завршува во септември. Јордан е клучниот арапски сојузник на САД, но економијата на земјата беше погодена поради бегалците и граѓанската војна во соседна Сирија.
XS
SM
MD
LG