Достапни линкови

Од утре увид во избирачкиот список


Увидот во Избирачкиот список за претстојните априлски претседателски избори во земјата ќе започне утре и ќе трае до 7 март. ДИК најдоцна 15 дена од денот на распишувањето на изборите, го става Избирачкиот список на јавен увид во своите подрачни единици и месни канцеларии. До 7 март државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат по електронска пошта да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците од посебните изводи од Избирачкиот список.
На 1 февруари, пак, започна да тече и рокот во кој граѓаните од дијаспората ќе можат да поднесат пријава за гласање за претседателските избори. Граѓаните исто така ќе можат да проверат дали ги има во Избирачкиот список и преку веб-страната на ДИК.
XS
SM
MD
LG