Достапни линкови

Затруените средношколци и професори во стабилна состојба


Доктор Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Доктор Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Учениците и професорите од средното економско училиште од Гостивар кои синоќа беа хоспитализирани на Клиниката за токсикологија во Скопје со симтомпи на труење од гас се во стабилна здравствена состојба. Осум од нив веќе ја напуштиле клиниката во текот на ноќта.
Директорот на клиниката, Андон Чибишев изјави дека и останатите шест лица се во добра состојба и се нестрпливи да си одат дома. Пациентите вчера се пожалиле на симптоми на труење од гас, печење во очите, гребење во грлото и проблеми со дишењето. Според Чибишев, треба прво да се видат токсиколошките анализи за потоа да се утврди дали труењето е од гас.
XS
SM
MD
LG