Достапни линкови

logo-print

Балканската турнеа на Евангелос Венизелос


Потпретседателот на Владата на Грција и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос ќе престојува идната недела во посета на Србија во својство на претседавач со Советот на министри на Европската унија.

Венизелос за време на посетата на Белград на 18 февруари, ќе има средби со претседателот на Србија, Томислав Николиќ, премиерот Ивица Дачиќ, првиот потпретседател на Владата Александар Вучиќ и шефот на дипломатијата Иван Мркиќ.

Главни теми на разговорите ќе бидат напредокот на Србија на патот на европските интеграции, ситуацијата во регионот и билатералните односи.

Венизелос ќе биде во Србија во рамки на посетата на Западен Балкан. Во вторник тој ќе замине во посета на Подгорица. В среда ќе престојува во БиХ, истиот ден ќе ја посети и Приштина, а в четврток ќе биде во Скопје и Тирана.
XS
SM
MD
LG