Достапни линкови

logo-print

Баросо се надева на доближување на Молдавија до ЕУ


Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо денеска изрази надеж дека Молдавија ќе биде способна да одлучува за својата иднина без притисоци од надвор. Молдавија иницираше договор за асоцијација со Европската Унија, кој би требало да биде потпишан до август годинава, но постојат страхувања дека Русија ќе изврши притисок, и економски и политички, за да го спречи тоа, како по примерите на Украина и Ерменија. На прес конференција во Брисел, заедно со претседателот на Романија, Трајан Басеску, Баросо изјави дека разговарале за инфраструктурни проекти од заеднички интерес, кои би се финансирале од европски фондови.
XS
SM
MD
LG