Достапни линкови

logo-print

Ховит и Свобода ги подржаа евро - интеграциите на Македонија


Европратениците Ричард Ховит и Ханес Свобода на денешната средба со македонскиот министер за надворешни работи Никола Поповски ја реафирмираа подршката на социјалистите и демократите во Европскиот парламент за почеток на пристапните преговори со Македонија во Европската унија.

На средбата, како што информира ресорното Министерство, тие изразиле уверување дека новиот состав на Европскиот парламент ќе го одржи континуитетот на подршка за процесот на пристапување на Република Македонија во ЕУ.

Министерот Попоски ги запознал соговорниците и со активностите кои Република Македонија ги презема во насока на натамошно унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка.
XS
SM
MD
LG