Достапни линкови

Свобода - до ЕУ со решение за името, но и со реформи


Лидерот на социјалдемократите во Европскиот Парламент, Ханес Свобода на Конференцијата во Скопје.

Лидерот на социјалдемократите во Европскиот Парламент, Ханес Свобода на Конференцијата во Скопје.

Сите земји и се потребни на ЕУ, особено Македонија, која чека долго да ги отпочне преговорите. Но реформите треба да се спроведат, порача лидерот на социјалдемократите во Европскиот Парламент, Ханес Свобода на Конференцијата во Скопје.

Македонија најбрзо што може да стане членка на ЕУ или барем да ги започне преговорите, порача лидерот на социјалдемократите во Европскиот Парламент, Ханес Свобода на Конференцијата во Скопје на тема демократија, владеење на право и слобода на медиуми како клучни критериуми на патот кон ЕУ.
Сакам во оваа прилика да ги повикам и двете страни да најдат решение за проблемот со името и се надевам дека на претстојната посета на грчкиот шеф на дипломатија Евангелос Венизелос тоа ќе биде постигнато.

„Сакам во оваа прилика да ги повикам и двете страни да најдат решение за проблемот со името и се надевам дека на претстојната посета на грчкиот шеф на дипломатија Евангелос Венизелос тоа ќе биде постигнато. Јас неодамна разговарав со Вензизелос и побарав да преземе чекори за отпочнување на преговори со Македонија, без разлика дали ќе биде постигнат компромис. Се надевам дека владата во земјата прави се за да дојде до решение за прашањето или барем да преземе некакви чекори за да започнат Претседателот Ѓорге Иванов и евроамбасадорот Аиво Орав ги разменија знамињата на ЕУ и Македонија по повод Европскиот ден на знамето.

Претседателот Ѓорге Иванов и евроамбасадорот Аиво Орав ги разменија знамињата на ЕУ и Македонија по повод Европскиот ден на знамето.

​преговорите“, вели Свобода.

Според него, грчкото претседателство треба да го исполни ветувањето дадено во минатото дека сите земји од регионот ќе влезат во ЕУ. Тој порача дека сите земји и се потребни на ЕУ, особено Македонија, која чека долго да ги отпочне преговорите. Но тој истакна и дека реформите треба да се спроведат.
Македонија за жал во последните осум години стана поделено општество како никогаш досега во кое партијата и партиската книшка диктираат се во нашата земја.

„Секако имаме определени критериуми за влез во ЕУ и во минатиот понекогаш некои работите се толерираа, што е загрижувачко за земјите аспиранти. Доколку земјите не ги спроведуваат реформите понатаму ќе се соочат со проблеми. Сите велат ние сега сме во ЕУ и не мора повеќе да ги спроведуваме реформите. Строги сме за тие прашања, не да ја казниме земјата, туку затоа што реформите се неопходни“, додаде Свобода.

Но, Свобода вели дека некои политичари се задоволни од сегашната состојба на земјата, што не е прифатливо. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели дека за Претседателот на СДСМ Зоран Заев и потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска се сретнаа со Еврокомесарот Штефан Филе во Брисел, Белгија, 07.01.2014.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев и потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска се сретнаа со Еврокомесарот Штефан Филе во Брисел, Белгија, 07.01.2014.

разлика од минатото Македонија повеќе не е предводник во спроведување на реформите за развој на демократијата, владеење на правото и слободата на медиумите. Според него, Македонија секоја година е се поназад од ЕУ.

„Македонија за жал во последните осум години стана поделено општество како никогаш досега во кое партијата и партиската книшка диктираат се во нашата земја“, вели Заев.
Јас сакам да се направи предскрининг на тие поглавја со што тоа ќе биде еден начин за да се направи напредок за да отпочнат преговорите.

Членката на европските социјалдемократи Кинга Гонц вели дека доколку луѓето чувствуваат дека можат да променат и да влијаат во општеството тоа е клучот за мирен развој на земјата, што и е особено важно на ЕУ.

„Јас сум длабоко убедена дека гаранција за мирен развој се демократијата, владеење на правото и слободата на медиуми и тие се светлото на крајот на тунелот“, рече Гонц.

Известувачот за Македонија во Европскиот Парламент, Ричард Ховит вели дека и еврокомесарот Штефан Филе подвлекол дека фокусот треба да биде ставен на тие области за да се унапреди процесот на проширување.

„Јас сакам да се направи предскрининг на тие поглавја со што тоа ќе биде еден начин за да се направи напредок за да отпочнат преговорите. Тоа се вистинските проблеми на земјата и тоа го потврдуваат критичарите во демократскиот процес кои бараат да се презема акција во таа насока. Предскринингот тоа ќе го овозможи, но не сум сигурен дека може да се спроведе до јуни.“

Според него, предскринингот не само што ќе помогне за развојот на демократијата во Македонија, туку ќе биде и важен чекор напред во евроинтегративниот процес.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG