Достапни линкови

logo-print

Денот на вљубените, во многу земји, проблематичен


Најмалку еден студент бил повреден денеска во Пакистан во судири меѓу подржувачи и противници на Свети Валентин – денот на вљубените. Дописникот на Радио Слободна Европа јави дека конфликтот се случил во Универзитетот во Пешавар. Во Узбекистан, пак, имамите ги повикаа муслиманските верници да не го прославуваат Денот на вљубените, бидејки тој нема никаква врска со исламот, ниту пак со узбекистанските традиции. Во соседен Киргистан, претставниците за образование ги повикаа малдите да се фокусираат врз училишните натпревари и на државниот празник, наместо на Денот на вљубените. Во Белорусија, католичкиот свештеник Андреј Рилко, оцени дека Свети Валентин е предизвик за вистинските христијани, додавајки дека овој ден станал комерцијален.
XS
SM
MD
LG