Достапни линкови

Орав - неконструктивно е да се тврди дека немате соговорник за името


Евроамбасадорот Аиво Орав и премиерот Никола Груевски.

Евроамбасадорот Аиво Орав и премиерот Никола Груевски.

Можам само да ве охрабрам да го најдете тој соговорник на другата страна и доколку некој изјавува дека не може ништо да се направи, мислам дека тоа e едноставно неконструктивно, вели евроамбасадорот Аиво Орав.

Спорот за името е многу долга приказна и светот ќе биде подобар денот по неговото решавање, изјави во интервју за Радио Слободна Европа, евроамбасадорот во Скопје, Аиво Орав. На прашањето што се очекува од македонските власти да направат по ова прашање доколку на другата страна нема соговорник за компромис тој вели:
Тоа што рековте, дека нема соговорник на другата страна, можам само да ве охрабрам да го најдете тој соговорник на другата страна и доколку некој изјавува дека не може ништо да се направи, мислам дека тоа e едноставно неконструктивно.

„Тоа што рековте, дека нема соговорник на другата страна, можам само да ве охрабрам да го најдете тој соговорник на другата страна и доколку некој изјавува дека не може ништо да се направи, мислам дека тоа e едноставно неконструктивно“, вели Орав.

Неколкумина европски дипломати деновиве со засилен речник на охрабрување и очекувања во насока на надминување на спорот за името и порачаа на Македонија дека без решавањето на овој проблем за отпочнување преговори не може да стане збор без оглед што во препораката на Комисијата беше наведена можност за отпочнување преговори со временска рамка во која би се дошло до некакво решение за името. Ова не помина кај Европскиот совет нагласи при својата посета Директорот на Директоратот за проширување Кристијан Даниелсон и затоа единствено решавањето на спорот може да ги отвори преговорите.
Самиот тој факт зборува дека и таа структура, структурата на партијата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде изложена на силен притисок, како меѓународен, така и домашен.

Известувачот за Македонија Ричард Ховит кој се уште е во Скопје посетата на грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос во својство на претседавач со Унијата ја гледа како голема шанса да се постигне напредок во спорот. Познавачите во оваа посета не можат да видат повеќе позитивни ефекти од секој физички контакт врз постоечките релации меѓу двата соседи. Би било добро и Грците да имаат некој гест на охрабрување и на помирување, но тоа нема да се случи, вели професорот Денко Малески.

„Ова ќе биде, така ми се чини, една рутинска посета, бидејќи се сите смрзнати во своите ситуации, и не може да се очекува некаков значаен продор“, вели Малески.

На крајот останува фактот дека патот треба да го изоди тој што сака да стане член на ЕУ и да се види колку во овој момент има политичка волја за тоа да се каже одиме кон барање компромис. Во таа насока конечниот исход, вели Малески, ќе зависи од тоа на што е подготвена владејачката партија.

„Самиот тој факт зборува дека и таа структура, структурата на партијата на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде изложена на силен притисок, како меѓународен, така и домашен, од страна на оние фактори кои сакаат да се реши овој проблем.“

По посетата на Венизелос, Ховит најави дека ќе разговара со сите релевантни фактори во земјава за да се осигура дека нивните активности ќе дадат свој придонес кон успешниот исход од тој состанок кој ќе се одржи со грчкиот министер.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG