Достапни линкови

logo-print

За утре во Подгорица се најавуваат протести, преку Фејсбук


Фејсбук групата „Револуција во Црна Гора - сите на улица“ утре ќе организира протест пред зградата на црногорскиот парламент во Подгорица, каде ќе бара смена на актуелната власт, по примерот на настаните во Босна и Херцеговина.
Групата, според црногорските медиуми, ги повикува граѓаните во сабота да излезат на улиците и да побараат смена на власта, а се најавува и блокада на сообраќајот во центарот на Подгорица.
Според организаторите, време е за радикални промени во Црна Гора, наведувајќи дека собирот нема да биде пријавен во полиција.
XS
SM
MD
LG