Достапни линкови

logo-print

Назарбаев со наредби за економски развој


Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев им наредил на владата и на Централната банка да пуштат во оптек околу 5 ипол милијарди долари од Националниот фонд за подршка на економскиот развој. На седницата на владата, Назарбаев, исто така, наредил да не се дозволува раст на цените во земјата и зголемување на платите на вработените во државните компании. Пред неколку дена во Казахстан беше девалвирана националната валута за 19 насто, што предизвика реакции во земјата и протести во Алма Ата на кои се бараше објаснување за таквата мерка и оставка од говернерот на Националната банка.
XS
SM
MD
LG