Достапни линкови

Чисто информативно


Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.

Рака на срце идеологиите одамна не се проблем во државава, иако ете некои се менуваат или во краен случај „надоградуваат“. Но што правиме со реалните, оние почувствителните проблеми со кои се соочува еден млад човек во државава?! Време за губење нема, трупајќи ги проблемите еден врз друг се губат цели генерации млади, пишува Дино Блажевски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-Народна партија.во младинската колумна за Радио Слободна Европа.

Следејќи ги на социјалните мрежи, но и на оние посериозните портали препирањата на моите колеги од двете поголеми политички партии околу тоа кој колку и што се правел периодов доаѓам до заклучок дека некому далеку позначајно му е кој колку лајкови собрал на колумните и сликите кои ги објавуваат на фејсбук, отколку реално гледање на работите и изнаоѓање на некакво решение за проблемите со кои се соочуваат и она малку младина што ни преостана во државава.

По некоја случајност и сениорите ко да се приклучија во обезличувањето на демократската партија за „македонско“ национално единство со поставувањето на споменикот на цар Душан или пак прославувањето на Зебрњак.
Она што можевме да го видиме периодов беа неконтролираните испади и историското испревртување од страна на раководството на владеачкиот подмладок кој порано го претставуваше темелот на осамостојувањето.

Дочекавме после тешки 23 години независна историја, подмладокот на некогаш најмакедонската политичка партија, на своите членови да им честита празници на српски јазик. Не дека ова е прв пат, истата судбина ја имаше и организацијата на жени кога на нивната прослава на годишнина од постоењето се одигруваше претстава која величеше српски јунаци. По некоја случајност и сениорите ко да се приклучија во обезличувањето на демократската партија за „македонско“ национално единство со поставувањето на споменикот на цар Душан или пак прославувањето на Зебрњак. Дали со ова подмладокот сака да ни наговести некоја како што би рекле тие „новина“ или „надградба“ која не е во склад со идејата од 1991, а во никој случај со идејата од 1893 година.

Рака на срце идеологиите одамна не се проблем во државава иако ете некои се менуваат или во краен случај „надоградуваат“. Но што правиме со реалните, оние почувствителните проблеми со кои се соочува еден млад човек во државава?!

Студентските домови се уште зјаат онакви какви што зјаеа до сега, и покрај пожарите и барањата на голем број на студенти кои претстојуваат во истите, па со непотребното мачење на средношколците со екстерните испитувања кои на крај испадна нема да влијаат на професорите, иако во некои училишта учениците немаат ниту книги, а камоли материјал за спремање на државна матура во најмала рака, вработувањето на младите да не го ни споменуваме.
Агенцијата за (млади) спорт продолжува само со иницијативите за спортски терени најчесто на места каде што скоро и да нема млади.

Додека ние се занимаваме со историски небулози, осум години наназад реновираме студентски домови, делиме студентски картички за попусти и покрај тоа што некои студенти едвај врзуваат крај со крај во (не)човечки услови, 17 држави – членки на европската унија поднесоа планови за спроведување на иницијативата на Европската унија - „Младинска гаранција“ која на секој млад човек под 25 години му дава шанса за вработување, со ова задаваат голем удар во борбата против невработеноста кај младите, баш она што на Македонија денеска и е најпотребно.

И покрај тоа што УМС на ВМРО-Народна партија, неколку други политички подмладоци и невладини младински организации укажуваат на овој тежок проблем за кој досега не е пронајдено решение, оние најзасегнатите во овој случај, решенија не ги интересира, Агенцијата за (млади) спорт продолжува само со иницијативите за спортски терени најчесто на места каде што скоро и да нема млади додека политичкиот подмладок кој е на власт се занимава со запознавање на идеологијата, нејзина надградба и организира кафе – средби небаре се ни е стокмено во државава па на крај фалат и дружби по скопските локали.

Време за губење нема, трупајќи ги проблемите еден врз друг се губат цели генерации млади, овие проблеми треба да бидат наш поттик за иницирање на поголеми и поодговорни чекори во разрешувањето на истите.

Сепак доколку владеачкиот политички подмладок се плаши да преземе чекор напред или во моментов не располага со некаков план за излез од таканареченава „младинска криза“, јавно ги повикуваме заедно со останатите политички подмладоци да седнеме на иста маса и да ги разгледаме нашите и вашите предлози и идеи за излез од кризата во која западна младиот човек, а кои ќе доведат до решавање на еден суштествен проблем од кој зависи токму иднината на Македонија, доколку се уште важи добро познатата: „Младите се иднината на државата“.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG