Достапни линкови

Лавров го предупредува Западот да не се меша во Украина


Москва, 14.02.2014, Лавров и Штајнмаер

Москва, 14.02.2014, Лавров и Штајнмаер

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров повторно го предупреди Западот да не се меша во во политичката криза во Украина. Зборувајки на прес конференцијата во Москва со шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, Лавров изјави дека украинските граѓани треба сами да си ги решат проблемите. Тој ја обвини Европската Унија дека врши притисок врз Киев да ја потпише спогодбата за асоцијација. Вцера Лавров во весникот Комерсант напиша дека односите меѓу Русија и Европската Унија се дојдени до моментот на вистината во врска со Украина.
XS
SM
MD
LG