Достапни линкови

Одржани разговорите меѓу Сеул и Пјонгјанг на високо ниво


Севрна и Јужна Кореја ја одржаа втората рунда од разговорите на високо ниво во врска со планираната средба на поделените семејства од двете Кореји. Официјален Сеул ги потврди разговорите во пограничното село Панмунџом, наведувајки дека Северна Кореја се согласила да се одржи средба на поделените семејства, како што беше планирано, од 20-ти до 25-ти овој месец. Северна Кореја, според истиот извор, се откажала од условувањето со одложување на планираните заеднички воени вежби меѓу Јужна Кореја и САД, предвидени за 24-ти овој месец.
XS
SM
MD
LG