Достапни линкови

logo-print

Потрага по избегани затвореници во Јемен


Властите во Јемен трагаат по избегани затвореници откако милитанти ослободија деветнаесетмина осудени терористи на Ал Каеда од централниот затвор во Сана. Новинската агенција Саба јави дека напаѓачите детонирале автомобил бомба во близина на затворот во четвртокот. Терористите упаднале во затворот низ дупката создадена од експлозијата и убиле седуммина затворски стражари при обидот за ослободување на затворениците. Најмалку тројца вработени во затворот се приведени под сомненија дека им помагале на напаѓачите.
XS
SM
MD
LG