Достапни линкови

Наместо во пензија - директор на РЕК „Битола“


РЕК Битола.

РЕК Битола.

Јовко Крстевски, на 64 години е назначен за нов генерален директор на РЕК „Битола“. СДСМ прашува дали Крстевски треба да доврши некои партиски наредби на владејачката партија во комбинатот.

Назначувањето на екс координаторот на битолскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ, Јовко Крстевски, за нов генерален директор на РЕК „Битола“ предивика меѓупартиски препукувања. СДСМ обвини дека Крстевски наполнил 64 години и наместо да оди во пензија, поставен е за генерален директор на македонскиот енергетски стожер.
Тој беше сменет од директор на јавното претпријатие „Комуналец“ Битола со образложение дека треба да се одмори.

„Парадоксот да биде поголем за нов генерален директор на комбинатот е поставен Крстевски и тоа на 7 февруари кога тој наполни 64 години и исполни услов за пензија. Дали оваа функција е роденденски подарок и со што Крстевски толку ја задолжи партијата? Наместо мирно да ги минува пензионерските денови, партијата повторно го седнува во една позначајна директорска фотелја“, изјави Васко Ковачевски, претседател на општинската организација на СДСМ во Битола.
Зоран Илиовски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

Зоран Илиовски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.


Крстевски еднаш веќе беше зафатен со бранот на промени на директори од владејачката партија. Тој пред две години беше сменет од директорската функција во јавното претпријатие „Комуналец“, по што се врати на работа во РЕК како директор за производство.
ВМРО-ДПМНЕ на дело покажува дека сите свои кадровски решенија ги темели, пред се врз стручноста и посветеноста на луѓето кои се поставуваат на функции.

„Пред неполни две години основното јавно обвинителство во Битола водеше истрага против него за проневера на повеќе од 4 милиони денари во аферата со фудбалскиот клуб „Пелистер“. Тој тогаш беше сменет од директор на јавното претпријатие „Комуналец“ Битола со образложение дека треба да се одмори. Дали тој доволно се одмори и сега пред пензионирање повторно може да биде на висока раководна функција Можеби сега пред избори треба да доврши некои партиски наредби во комбинатот каде владејачката партија треба да извлече што повеќе гласови“, додаде Ковачевски.

Крстевски беше недостапен за новинарите. Од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека станува збор за стручно лице и човек домаќин.

„Луѓето од СДСМ денес не можат да сфатат што значи квалитет, континуитет, лојалност. ВМРО-ДПМНЕ на дело покажува дека сите свои кадровски решенија ги темели, пред се врз стручноста и посветеноста на луѓето кои се поставуваат на функции. Со својата денешна реакција, СДСМ покажа дека се плаши од успешни луѓе, од луѓе домаќини кои се посветени на својата кариера“,изјави Зоран Илиовски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG