Достапни линкови

logo-print

Петрич: Потребен е Маршалов план за Балканот


Волфганг Петрич

Волфганг Петрич

„Ако Европската унија не е во состојба да ја реши ситуацијата во Босна, како може да стане глобална сила? Тоа едноставно не е можно. Затоа постои голем предизвик за Унијата и ни е потребно нешто како Маршалов план за регионот, посебно за Босна“. Ова во интервју за Радио Слободна Европа го изјави Волфганг Петрич кој од 1999 до 2002 година беше висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина. Тој додава дека Босна е единствената земја во Европа каде што политичарите кои биле активни за време на војната се уште се на функции. „Тоа е можеби причината за големата фрустрација, не само во Босна туку и во соседните земји“, наведува Петрич.
XS
SM
MD
LG