Достапни линкови

logo-print

Ховит: Посетата на Венизелос, шанса за напредок


 Известувачот во ЕП Ричард Ховит на седница на собранискиот Национален совет за евроинтеграции

Известувачот во ЕП Ричард Ховит на седница на собранискиот Национален совет за евроинтеграции

Претстојната посета на грчкиот министер за надворешни работи чија земја претседава со Унијата е голема шанса за да се постигне напредок, изјави известувачот за Македонија во европскиот парламент, Ричард Ховит на средбата со студентите што ја организираше СЕП.

Претстојната посета на грчкиот министер за надворешни работи чија земја претседава со Унијата е голема шанса за да се постигне напредок, изјави известувачот за Македонија во европскиот парламент, Ричард Ховит на средбата со студентите што ја организираше СЕП.

Има многу прашања во земјата кои што делумно се под контрола на организациите и граѓаните на оваа земја и ако во однос на сите овие таа постигна напредок, напредокот ќе биде уште повидлив,
„Сакам да кажам дека по посетата на грчкиот министер за надворешни работи, ќе разговарам со сите во оваа земја, да се осигурам дека нивните изјави и активности ќе дадат свој допринос кон успешниот исход на тој состанок кој ќе се одржи со грчкиот министер“, вели Ховит.

Но, многу е важно рече Ховит оваа држава да ги исполни и сите други стандарди и барања согласно законите на ЕУ поради што и кон крајот на минатат година беше информирано дека не станува збор само за политичките пречки кои и стојат на патот на приуближувањето кон Унијата, одговори ховите на прашањето што може Македонија да направи во постоечката политичката стапица во која се наоѓа евроинтегративниот процес.

„Има многу прашања во земјата кои што делумно се под контрола на организациите и граѓаните на оваа земја и ако во однос на сите овие таа постигна напредок, напредокот ќе биде уште повидлив“ изјави Ховит.

Поларизацијата во ова општество независно дали станува збор за новинарството или за други сфери од граѓанското општество треба да се унапреди, да се равие една јавна дебата преку која ќе се овозможи да се слушнат различни гледишта. Разноликоста мора да се вклучи во јавните дебати, посочи Ховит. До сега е оценето од страна на ОБСЕ дека е постигне одреден напредок што е резултат на дијалог со новинарите.

Овде исто така е важно дека треба да се имплементираат законите кои што се донесени, посочи Ховит.
Тој денеска имаше средба и со лидерот на ДУИ на која како што изјави Ахмети тој потврдил дека оваа партија нема да отстапи од идејата за консензуален кандидат за претседател кој би произлегол од договорот на двете страни кои ја имаат легитимноста кај двете најголеми заедници.
XS
SM
MD
LG