Достапни линкови

Главниот уредник на Нова Македонија добил отказ


Главниот и одговорен уредник на дневниот весник „Нова Македонија“, Зоран Димитровски вчера, како што јавија медиумите во Македонија добил отказ.

Димитровски бил повикан од сопственикот на весникот Минчо Јорданов на разговор при кој му било врачено отказното решение

Порталот Нова ТВ објави дека денеска Димитровски не дошол на работа, а преку СМС порака им одговорил - „Согласно изјавата на Дуња Мијатовиќ се спроведуваат законите од медиумската област“.

Димитровски е долгогодишен новинар и уредник во повеќе медиуми меѓу кои „Вечер“, „Фокус“, и Дневник“.
XS
SM
MD
LG