Достапни линкови

logo-print

Ахмети: ДУИ останува на ставот за консензуален претседател


ДУИ останува на ставот за консензуален кандидат за претседател на претстојните избори, потврди лидерот на партијата Али Ахмети по денешната средба со известувачот на Европскиот Парламент за Македонија Ричард Ховит.

За да бидам правилно разбран, нагласи Ахмети, би сакал да истакнам дека двете страни кои ја имаат легитимноста кај двете најголеми заедници во земјата, а тоа е ДУИ кај Албанците и ВМРО-ДПМНЕ кај Македонците, двете страни треба да седнат и да постигнат консензуален договор.

На прашањето дали разговарал со премиерот Никола Груевски за прашањето за името, Ахмети информира дека разговарал со сите страни за ова значајно прашање.
XS
SM
MD
LG